Грчката крајбрежна стража спаси 13 мигранти од чамец западнат во невреме во Егејско Море
Грчката крајбрежна стража успеа да спаси 13 нелегални мигранти од чамец што се западнал во силно невреме крај грчкиот остров Лезбос, во Егејско Море, пренесе ДПА.
Операцијата на спасување поприми драматични размери заради силниот ветар што се закануваше да го преврти чамецот, за ДПА изјави припадник на крајбрежната стража .
Чамецот бил забележен од трговски брод, што ги алармирал властите. Крајбрежната стража го пронашла чамецот, но не можела да ги префрли патниците на полицискиот глисер поради силниот ветар. Место тоа, глисерот го придружувал чамецот до најблискиот брег.
Во маневрирањето двајца од патниците во чамецот паднале во вода, но успеале да се фатат за ортома од чамецот и со неа да дојдат до брегот.
Медицински преглед на патниците покажал дека сите мигранти биле во добра здравствена состојба.
Ново на Сител
-
Отпечаток од рака стар 4.000 години пронајден на египетски глинен сад
-
Северна Кореја ја одбива понудата за дијалог со Јужна Кореја
-
Тројца загинати, десетици повредени во вчерашната железничка несреќа во југозападна Германија
-
Предупредување до сопствениците на „Андроид“ за апликациите што преземаат чувствителни податоци
-
Фон дер Лајен: Со САД постигнавме договор што обезбедува стабилност и предвидливост за двете страни на Атлантикот
-
САД посредува во мировните преговори меѓу Тајланд и Камбоџа во Малезија
-
Без струја корисници од делови во Аеродром, Карпош, Петровец и Илинден
-
Во изминатото деноноќие 51 пожар на отворен постор, осум се активни, седум под контрола и 36 изгаснати