Балкан
1. November 2016 - 10:35

Грчката крајбрежна стража бара брод со мигранти кој испратил сигнал за помош

Патрола на грчката крајбрежна стража во јужниот дел на Пелопонез денеска трага по брод која неколку часа претходно испратила сигнал за помош.

Грчките властите сметаат дека на бротчето имало непознат број мигранти и засега нема никакви дополнителни детали.

Сигналот за помош бил упатен само неколку часа по друг инцидент во кој беа спасени 45 мигранти и бегалци, на североисточниот брег на островот Антикитера.

Бродот со кој дошле мигрантите не е пронајден и се претпоставува дека тој бил потонат откако мигрантите безбедно пристигнале до брегот. Бегалците се префрлени на копно, каде ќе биде утврдена нивната националност и од каде доаѓаат.