Балкан
12. November 2015 - 18:06

Грчката ДЕИ се закани дека ќе прекине со снабдување со струја на повеќе од 700 илјади должници

Националната компанија на Грција задолжена за снабдување со електирчна енергија (ДЕИ) упати закани дека ќе ја запре испораката за над 700 илјади должници  следната година.

Во изминатите 15 дена е прекинато напојувањето со електрична енергија за 15 илјади претплатници, јавуваат грчки медиуми.

Само во последните осум месеци има значителен пораст на кражби на струја. Имено во тој период се регистрирани 5.500 кражби.

Од ДЕИ за „Етнос“ изјавија дека догодина ќе прекинат со напојувањето за 700.000 должници.

Од компанијата најавуваат продолжување со „ловењето“ лоши клиенти бидејќи неплатените сметки се 2,1 милиони евра.