Грчка полиција: Навивачите на Динамо Загреб имаа соработници грчки навивачи
За синоќешниот инцидент меѓу навивачите на АЕК и Динамо Загреб во Атина во кој едно лице беше убиено, а осуммина се повредени, од грчката полиција преку соопштение појаснија дека групата од околу 100-120 навивачи на хрватскиот клуб, заедно со грчки навивачи- соработници стигнале во близина на стадионот на атинскиот тим, каде што биле поддржувачите на АЕК, јави дописничката на МИА од Атина.
Следеле инциденти меѓу навивачите на двата тима, со фрлање на пиротехнички материјали, импровизирани експлозивни механизми, предмети, камења, а биле користени и импровизирани палки.
Веднаш пристигнала полиција која интервенирала за да се прекинат инцидентите и биле уапсени вкупно 98 лица.
Од полицијата соопштија дека во тек е прелиминарна истрага, а интензивно продолжува истрагата за откривање на дополнителни сторители.
Инцидентите започнале час и половина откако гостинскиот тим го завршил тренингот и го напуштил стадионот
Натпреварот АЕК- Динамо Загреб е закажан за вечерва во рамките на квалификациите за Лигата на шампиони, а навивачите на хрватскиот тим пристигнале со автомобили во Атина и покрај забраната од УЕФА за присуство на поддржувачи на гостинскиот клуб.
Грчките медиуми пишуваат дека во синоќешните инциденти бил убиен 22-годишен навивач на АЕК, кој хрватските хулигани го избоделе со нож
Неофицијално, мнозинството од уапсените се хрватски државјани.
Ново на Сител
-
30 години информативна редакција на Сител со Васко Ефтов
-
Интервју со Ели Пешева
-
Стартува Новогодишната кошничка - Граѓаните се жалат на високите цени
-
30 години информативна редакција на Сител со Младен Чадиковски
-
30 години информативна редакција на Сител со Анета Додевска
-
30 години информативна редакција на Сител со Емилија Андоновска Пападимитров
-
30 години информативна редакција на Сител
-
30 години информативна редакција на Сител со Драган Антоновски