Грас: Хрватска ќе ги исполни критериумите за Шенген до крајот на годината

Хрватска очекува да ги исполни техничките критериуми за пристапување во Шенген зоната до крајот на годината и се надева дека ќе се приклучи до 2020 година, изјави денеска хрватската државна секретарка Терезија Грас.
Таа изјави дека контролата над надворешните граници на ЕУ е најсложениот аспект на подготовките на Хрватска, и истакна дека нејзината земја веќе целосно ја опремила својата граница со Србија и оти тоа сега го прави и на границата со БиХ.
- Наша цел е да ги исполниме сите технички критериуми до крајот на годината, а потоа Европската комисија треба да процени дали сме подготвени да се приклучиме. Се надеваме дека тоа ќе го стори пред следните избори за Европскиот парламент, кои ќе се одржат следниот мај, изјави државната секретарка во Министерството за внатрешни работи.
Според неа, членството во Шенген-зоната ќе помогне да се подобри безбедноста во Хрватска и воопшто во ЕУ, додека слободното движење на луѓето ќе донесе бенефит за економијата - особено за туризмот.
Хрватска е една од шесте земји-членки на ЕУ кои не се членки на Шенген зоната, која вклучува 22 земји на Унијата, како и четири земји кои не се дел од тој блок - Норвешка, Исланд, Швајцарија и Лихтенштајн.
Ново на Сител
-

АХВ спроведе 1221 предпразнични вонредни контроли
-

Ѕвездата од „The Hunger Games“ уапсен поради пукање во тројца мажи во Северна Каролина
-

Пилана од Делчево нелегално сечела дрва, запленети 19 метри кубни дрва | ФОТО
-

Иран: Поради американските потези во Персискиот Залив ќе има опасни последици
-

Во Собранието расправа за продолжување на рокот на кризната состојба за нафтата
-

Трамп: Денеска разговори меѓу Израел и Либан
-

Неколку убиени при нападите на Русија врз Киев, Днепар и Одеса
-

Без вода корисници на ул. „Капиштец“
