Македонија
1. July 2021 - 9:47

Граничниот премин „Евзони“ од денеска ќе работи 24 часа

Најголемиот граничен премин за влез во Грција од Македонија „Евзони“, од денеска ќе работи 24 часам јавуваат грчките медиуми. „Евзони“ досега работеше од 7 наутро до 23 часот навечер.

Исто така од денеска почнуваат со 24 часовна работа и другите два премини со нашиот јужен сосед, Меџитлија и преминот Ники, како и Дојрани кај Дојран.

Од 1 јули 24 часа ќе работат другите премини во Грција од другите земји: Помахонас, Кастаниес, Кипои, Нимфаја, Орменејо, Кристалопиги, Какавија, а од удтре 24 часа ќе работи и преминот Ексохи.