Македонија
16. August 2015 - 16:08

,,Граѓанско апсење‘‘ на крадец во скопски Карпош

Скопјани во полициски стил фатија разбојник во Карпош. Прилепчанец кој извршувал кражби на територијата на Скопје бил фатен на дело кога заедно со уште едно лице ограбувал стан на улицата Атинска. Двајцата разбојници во моментот кога излегле од станот на скалилата се сретнале со сопственичката. Таа веднаш алармирала кај соседите кои реагирале експресно и успеале да задржат еден од нив дур дојде полицијата.

-Откакао кажала дека станот е провален, заедно се упатиле кон излезот по лицата, кои во тој момент излегувал од зградата и на улица „Римска“ во близина на детската градинска „Мајски Цвет“ соседката и лицето што било со неа се доближиле до Г.Т. и другото непознато лице, кои откако ги забележале се обиделе да избегаат. Граѓанинот успеал да го фати и задржи Г.Т., а другото  непознато лице успеало да избега, носејќи со него една кеса со непознати предмети, изјави Лиза Бендевска, портпарол на СВР Скопје.

Драмата се одвивала во близина на Млечен ресторант во Карпош, а разбојниците на крајот успеале да украдат 1 милион денари.

На 26 годишниот прилепчанец одредена му е мерка притвор од 8 дена а поднесена му е и кривична пријава за решка кражба.

-Тешката кражба, е извршена на тој начин што откако дошле на наведената адреса, со погоден цврст алат делувал на цилиндричната брава од влезната врата на станот, ја скршил, а потоа влегле во станот, извршиле претурање и пребарување, и пронашле и одзеле златен накит, рачни часовници и 2.500 евра, изјави Лиза Бендевска, портпарол на СВР Скопје.

По апсењето полицијата утврдила дека овие двајца разбојници и претходно биле заведени во регистарот како извршители на кражби, не само во Скопје, туку и Битола и Прилеп.