Македонија
16. September 2020 - 16:51

Граѓанските организации бараат поддршка на проекти за подобар живот

Поставување на градски компостари за редуцирање на најмалку 70% од вкупниот отпад, селекција на отпад во станбените згради, формирање на центар за еднородителски семејства, поголема поддршка за граѓаните кои користат велосипеди, се само дел од обемната листа на предлози на невладинит сектор, за тоа што му недостасува на главниот град, а кои треба да влезат во предлог-буџетот на град Скопје за следна година.

Активистите предложија и како да се реши долгогодишниот проблем со загадувањето.

Економистот Бранимир Јовановиќ  смета дека градот има доволно средства за да ги реализира  проектите  кои ги презентираа 10 граѓански здруженија.

Предложените барања до градоначаникот на Град Скопје беа доставени денеска, а треба да бидат вклучени во предлог-буџетот за 2021 година за кој Советот ќе треба да гласа на крајот на годинава.