Граѓанскиот и Кривичниот суд Скопје ќе бидат засилени со по тројца судии, одлучи Судскиот совет
Кандидатот за избор на претседател на Основен суд Виница согласно законот не го доби потребното мнозинство и донесена е Одлука повторно да се рапише оглас за избор на претседател на Основен суд Виница.
Судскиот совет на Република Македонија на денешната седница избра шест судии, кандидати од Академијата за судии и јавни обвините за Граѓанскиот суд и Кривичниот суд Скопје.
Заменик претседателот на Судскиот совет, Миљазим Мустафа во изјава за медиумите истакна дека со денешниот избор на судии заврши изборот на шестата генерација на кандидати од Академијата за судии и јавни обвинители. Тој истакна дека станува збор за кандидати кој досега не биле избрани.
– Советот одлучи истите кандидати да бидат распределени во Основниот граѓански суд Скопје и Основниот кривичен суд Скопје. За судии на Основен граѓански суд Скопје се избрани кадидатите од Академијата за судии и јавни обвинители Маја Димитрова, Тамара Ѓорѓиевска и Бисера Митиќ Стефковска. За судии на Основен кривичен суд Скопје се избрани кадидатите од Академијата за судии и јавни обвинители и тоа Јасна Челикова, Илина Смичковска Илиевска и Снежана Марковска, изјави Мустафа.
Исто така на денешното рочиште на Судскиот совет беше донесена одлука објавување на оглас за избор на претседател на Управен суд, Основен суд Гевгелија и Основен суд Свети Николе.
Според најавите од Судски совет идната недела треба да се донесе одлуза за избор на претседател на Судскиот совет на Република Македонија. Заменик претседателот Мустафа, за МИА истакна дека на 28 април му завршува мандатот на актуелниот претседател на Судскиот совет, Киро Здравев и тогаш е предвидено да се избере и новиот претседател на Судскиот совет.
– Право на избор според закон имат сите членови на судот кој се избрани од Собранието. Досега никој не објавил кандидатура, очекува во следните денови некој од кандидатите да пријави кандидатура, рече Мустафа.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228