Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ со протестен марш во Кавадарци
Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и вечерва организираше протестен марш во Кавадарци.
Пред присутните говореше Марија Попова Шандаров, дефектолог. Таа рече дека и овој ден Граѓанската иницијатива за заедничка Македонија испраќа порака до сите политички партии, а најмногу до најголемата опозициска партија, да не се прифаќаат никакви платформи договорени во други држави, а неизгласани од граѓаните на Република Македонија.
- Граѓанската иницијатива за заедничка Македонија има едно и единствено барање, а тоа е зачувување на ова парче земја, зачувување на нашиот јазик, нашата нација за која нашите претци се бореле со години, нагласи таа меѓу другото во своето обраќање.
Притоа апелираше, дека нема да подлегнат на, како што рече, ниту една манипулација, или обид „на мала врата да се протнат работи кои албанските партии ги договориле во Тирана, а СДСМ ги прифатила".
- Сакаме да градиме мултиетничка, а не бинационална држава, нагласи таа, повторувајќи дека јасно и недвосмислено бараат целосно да се отфрли платформата направена во Тирана. Рече дека ќе останат на улица, се до целосното исполнување на нивните барања.
Протестен марш ќе се организира и утре.
Ново на Сител
-
Обвинители на 22 американски држави ја тужат администрацијата на Трамп поради кратење на научното финансирање
-
Средба на Сиљановска - Давкова со директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи
-
Андоновски: Ќе се ревидира упатството за постапување на училиштата при хибридни закани
-
Во сообраќајка кај Струга повредени четири лица, од кои тројца се полицајци
-
По апсењето на градоначалникот на Тирана, опозицијата бара оставка на Рама
-
Владата на Србија тврди дека ги исполнила сите барања на студентите
-
За градоначалникот на Тирана, затворски, за сопругата, која е надвор од земјата, куќен притвор
-
Трамп: Палестинците ќе добијат нови домови, но не во Газа