Македонија
10. August 2015 - 17:05

Граѓаните задоволни од „Мој термин“

Граѓаните задоволни од функционирањето на мој термин. Последната анкета  покажува дека 80 проценти од испитаниците позитивно го оцениле електронското закажување ЗА ПРЕГЛЕД. За разлика од претходното испитување во септември, бројот на задоволни корисници на здравствените услуги е зголемен за 12 ипол отсто.

На 93 посто од нив не им се случило да дојдат а докторот да не е во амбулантата на закажаниот термин. Се намалува трендот на доктори кои доцнеле или повеќе од 3пати не биле на терминот во еден месец. ОД пациентите кои одговориле  дека се незадоволни, половина од нив кажале дека тоа е поради чекањето до половина час за преглед.  

- Возрасната група од 36 до 46 години е група која најчесто не можела да дојде на закажан термин односно 20 проценти од нив. Најредовни се пациентите на возраст од 56 до 65 години кои само седум проценти од нив не биле во можност да присуствуваат на терминот. Според анализите во „Мој Термин“, бројот на пациенти кои не се појавиле на преглед, а не го откажале, е значително намален и моментално изнесува помалку од седум отсто, информира Аризанковски. Истражувањет покажува дека за 5 отсто за разлика од лани е намален бројот на закажани прегледи на кои не дошле пациентите, изјави Милан Аризанковски, проект-менаџер на Националниот систем за закажување прегледи „Мој термин“

Најзадоволни од МОЈ термин според старосната група, се пациентите од 16 до 25 години. Според етничката припадност, нивото на задоволство е приближно исто кај Македонците и  Албанците, околу 80 проценти, од останатите етнички групи, 75 отсто се изјасниле позитивно. Истражувањето е направено од страна на министерството во јули, спроведено на 834 пациенти од 24 јавни здравствени установи.