Македонија
27. March 2022 - 16:28

Граѓаните стравуваат дека продолжената криза во Украина дополнително ќе го намали животниот стандард

Од месец во месец се повеќе се стега домашното ќесе - вака функционираат граѓаните во време на економска и енергетска криза која зема се поголем замав поради актуелните случувања во Украина. Граѓаните се жалат дека едвај врзуваат крај со крај. Високите сметки за струја, скапата храна и горива  им ги проголта и онака ниските плати и пензии. Велат дека не знаат како  ќе се справат со скапата живеачка, ако војната продожи.

Граѓаните се согласни дека е потреба дополнителна помош од државата.  Неопходни се низа социјални и економски мерки за да се сочува животниот стандар и да се спаси економијата, велат тие.

За заштитна на животниот стандар на граѓаните и за подобрување на ликвидноста на компаниите, владата усвои пакет  од 26 мерки. СЕ откажа од ДДВ и од дел од акцизата за храна и енергенси, а преку Развојната банка ќе им помага и на компаниите. Целиот пакет е тежок 400 милиони евра. Освен намалување на давачките, државата и директно со по 1000 денари во рок од три месеци ќе субвенционира 35000 семејства и пензионерите.