Македонија
20. јуни 2023 - 16:31

Граѓаните повторно хумани - Собраа 40,000 евра за лекување на Кико, државата не покрива неодобрени лекувања

Кристијан Коцев е во приватна болница во земјата, стабилизиран и чека наскоро да замине на лекување во Турција.  Цела јавност се крена на нозе да бидат што побрзо собрани парите и ова 20 годишно момче да биде лекувано со матични клетки во Истанбул. Кико има многу ретка и тешка болест која брзо прогресира и за кратко време доведува до сериозна состојба.

Во моментов здравствената состојба на Кристијан е стабилна. Со стручната помош на лекарите, изминативе два дена успеа да преброди животозагрозувачки кризни моменти. Хоспитализиран е во приватна клиничка установа во Скопје и денес е префрлен од интензивна нега на одделение. Веќе е воспоставена и професионална комуникација помеѓу овдешните и стручњаците во турската клиника во Истанбул. Надеж секако има, Кристијан се покажа како вистински борец и неговата силна желба за живот ни е најголем адут, изјави за Сител  Горан, таткото на Кристијан.

Болеста на Кико била откриена кога бил многу мал. Имал медицински третмани во странство а го лекувале и лекари од Македонија. Како што вели таткото на Кристијан, состојбата на синот нагло се влошила и часови биле пресудни во битката за живот -  Од тие причини немале можност да бараат институционални решенија. И од Фондот одговорија дека семејството не се обратило до оваа институција, каде со барањето треба да достават и предлог за упатување за лекување во странство со лекарски конзилиум од соодветната универзитетска клиника во Скопје. 

 Лекувањето во Турција е 50 000 евра а поради состојбата ќе бидат потребни и дополнителни средства за специфичниот медицински транспорт.

За оваа ретка болест лек нема, но има терапии кои ја подобруваат состојбата. Македонскиот фонд  постапува Фондот постапува согласно конзилијарно мислење (предлог за лекување во странство ) издадена од соодветна Универзитетска клиника и Правилник каде што лекувањето е медицина базирано на  докази.

Кико сака да стане јутјубер, има свој канал и сака да им помага на оние на кои им треба помош. Нека неговата борбеност и поддршката од сите го одведат до постигнување на целта.