Граѓаните „навиваат“ за една изборна единица и отворени листи - Објавена дебатната анкета на ЕПИ
Граѓаните не се задоволни од досегашните изборни реформи. Сметаат дека јавноста треба да биде вклучена во поширока дебата за промена на изборниот систем. На скала од 0 до 10 оценка 7.5 добил моделот една изборна едница кој овозможува повеќе пратеници за помалите партии, од друга страна пак се ослабнува врската меѓу гласачите и кандидатите сметаат, ова е заклучокот од националната анкета на јавното мислење , пред и после консултации со политичари и експери од оваа област. Оценка од 6.04 доби мислењето дека едната изборна единица ке резултира со помала поларизација не политичката култура помеѓу најголемите партии.
Истражувањето сигнализира дека граѓаните претежно се за воведување отворени листи, но допрва треба да се утврди во кој вид. Согласнот од осум на скалата 1 до 10 граѓаните даваат на опцијата гласачите да бидат во можност сами да изберат да гласааат за конкретен кандидат од листата предложени кандидати. Речиси исто толку се согласуваат дека отворените листи можат да доведат до натпревар помегу кандидати од иста политичка партија.
Препораките во извештајот кои произлегоа од истражувањто посочуваат дека Министерството за правда и ДИК треба да водат редовен дијалог со гласачкото тело, да информираат и едуцираат. Дебатната анкета која беше спроведена согласно методот развиен од Стенфорд, а реализиран од ЕПИ.
-
Сања Сеизова Мрмова
Сите содржини од овој новинар