Граѓаните на Венецуела гласаат за локални и регионални власти
Граѓаните на Венецуела денеска излегуваат на гласање за локалните и регионалните власти, што е голем предизвик и за изборниот систем и за опозициските политичари, бидејќи тие се натпреваруваат за гласови против политичката структура на претседателот Николас Мадуро.
На овие избори ќе се гласа за повеќе од 3.000 гувернери, градоначалници и градски совети ширум земјата погодена од долготрајната рецесија и хиперинфлација.
Опозициските политичари ги бојкотираа претседателските и парламентарните избори во 2018 и 2020 година, обвинувајќи ја владата на Мадуро за изборна измама.
Ако опозицијата загуби четири држави од вкупно 23 во кои нејзините кандидати победија на гувернерските избори во 2017 година, нема да ѝ недостига основа за да започне кампања за претседателските избори што треба да се одржат во 2024 година.
Регионалните избори ќе ги следат повеќе од 130 меѓународни набљудувачи, главно од Европската унија.
Ова ќе биде првпат во последните четири години главните опозициски партии да учествуваат на избори.
Повеќе од 21 милион граѓани на Венецуела имаат право на глас во над 3.000 изборни единици, а повеќе од 70.000 кандидати учествуваат во изборната трка.
Ново на Сител
-
Ватикан: Здравствената состојба на папата Франциск е стабилна
-
Во Скопје се одржа трет протестен марш „Кој е следен“
-
Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија
-
Шкендија нов лидер вo ПМФЛ
-
Малолетник од Косово удрил двајца пешаци во Скопје, едниот се здобил со тешки телесни повреди - поднесена пријава
-
Meдведев со саркастична порака по суспензија на Синер
-
Напаѓачот кој вчера со нож уби момче во Австрија бил исламист
-
Во пресрет на летнаta сезона Албанија има потреба од над 2.000 туристички работници