Бизнис
12. February 2020 - 16:32

Граѓаните ќе ги добијат инвертерите на крајот од зимата

Граѓаните ќе ги добија инвертерите на крајот на грејната сезона- во април.

Иако требаше да ги имаат   оваа зима сепак огласот за аплицирање сеуште не е објавен.  

Од ЕЛЕМ  велат парите ги инкасирале во буџетот и распоредени се во општините Битола Тетово, Кичево и Скопје – градовите каде првично ќе се делат инвертери.

Сега треба општините да ги донесат правилниците за тоа кој домаќинства ќе имаат предност. Па потоа да ги објават огласите за аплицирање.  Но засега само Битола  го има направено тоа.

Останатите општини ја немаат завршено постапката.

Со оваа мерка граѓаните за греење ќе користат струја која сеуште најголем дел се произведува од јаглен нешто на што  предупреди и Европската енерегетска заедница.

Од таму  се против постојанотот субвенционирање на производството  на електрична енергија од овој енергенс. Бараат да се намали неговото учество.

Сепак министерот за економија Бектеши трвди дека земјава ги спроведува препораките од заендицата и нема да биде санкционирана.

Мерката субвенционирање на инвертери беше донесена како  опција за намалување на загадувањето. Се планира 10 илјади домаќинства да ги заменат старите печки. За оваа намена одвоени се 10 милиони евра.