Граѓани протестираа против извршителите
Граѓаните и денеска трет вторник по ред протестираат пред Министерството за правда барајќи комплетна ревизија на работењето на извршителите. Тие бараат да престане блокирањето на сметките, наплатата на долгот да не трае подолго од две години и да се почитува застарувањето на долговите.
– Живееме во едно неправедно и неправично општество. Тука се случува еден социјален феномен кој ги донесува луѓето во должничко ропство.Тој социјален феномен е девијантен. Зошто? Затоа што се работи за преголеми долгови кои се виртуелни каде што главниците се многу мали во однос на тоа што нереалното што луѓето го плаќаат. На тој начин луѓето влегуваат во должничко ропство, наместо да евалуираат како човекови битија, да се занимаваат со своето семејство, да живеат за културата, за својот духовен развој, луѓето едноставно плаќаат некакви непостоечки долгови. Оние тужат ретроактивно, а не сакаат ретроактивно да направат закони. Ако донесат нов закон за нова висина на камата, таа висина би требало да важи ретроактивно, истакна Ана Глигорова од иницијативата „Стоп за извршителите“.
Марјан Ристески, еден од иницијаторите на протестот потенцира дека штом надлежните кажуваат дека сакаат да имат средба со граѓаните кои протестираат, тогаш „нека излезат па да видиме колку се храбри да се соочат со граѓаните, каде само неколку прашања ќе им поставиме“.
– Ги гледате како бегаат како ѓавол од крст кога некој ќе им спомне да работат за плата да се вратат во суд, па се жалат дека не можат да преживеат. Самите се контрадикторни. Ако веќе им е намален обемот на работа, ако немаат профит зошто не работат во суд за плата како секој граѓанин. Што е во прашање зошто не се враќаат? Во прашање се парите. Сакаат и понатаму да крадат, понатаму сакаат да одат на егзотични патувања. А овој народ не може да преживее. Бараме ветинг и за извршителите и ревизија на нивната работа, рече Ристески.
Граѓаните порачаа дека нема да се задоволат само со ветувања и бараат конкретни резултати, и посочуваат дека ќе протестираат додека надлежните не преземаат конкретни мерки.
Ново на Сител
-
Без струја корисници од делови во Аеродром, Карпош, Петровец и Илинден
-
Во изминатото деноноќие 51 пожар на отворен постор, осум се активни, седум под контрола и 36 изгаснати
-
Во Собранието амандмански расправи за законите за установи за средно образование на верските заедници и за домување
-
Сончево време со мала до умерена локална облачност и максимална температура до 37 степени
-
Австриска министерка за надворешни работи: Путин губи време, Русија ќе биде преплавена со ковчези
-
Откако Израел прогласи „тактичка пауза“, пристигнаа 100 камиони со помош во Газа
-
Алиу: 205 милиони евра за болници кои инспирираат доверба, а не страв
-
Мицкоски: Пустец е доказ дека припадноста не се брише, дека коренот останува, дури и кога над него дуваат силни ветрови