Македонија
18. April 2025 - 16:44

Граѓани прашуваат дали повторно ќе функционира “Aло докторе” – Здравство без најава за ново активирање

Дали повторно ќе проработи “Ало докторе” речиси секојдневно прашуваат граѓани. Бараат министертсвото за здравство повторно да ја стави во функција линијата на која иускусни лекари ќе им даваат совети и препораки поврзани со нивната состојба поради која се јавиле за помош. 

- Дали може на некој од пресконференциите на Таравари да го прашате дали конечно ќе се отвори “Ало докторе”, замоли гледач.

- Пошто многу ни помага на нас граѓаните и да не досаѓаме, што се вели да не држиме линија на Брза помош, не досаѓаме си имаме мака. Ни требаат совети препораки, сепак вртиме и во Брза помош и не сакаме да се загрозува живот на некои итни пациенти, вели друга гледачка.

За “Ало докторе” Сител постави официјално прашање во министерството за здравство, но не добивме официјален одговор. Според неофицијалните информации, до овој момент нема иницијатива од здравствените власти за ново активирање на овој проект, а не се предвидени ниту средства во програмите.

Линијата за медицинска консултација не работи повеќе од 2 години, па граѓаните се приморани за совет за празници или навечер да се јавуваат на Брза помош, иако нивната состојба не е животозагрозувачка.

- Беше добра и за нас, нашите линии беа растеретени од таквите јавувања за совет или сакаат да си кажат што мака имаат . На тој начин само ургентните случаи ги опсервиравме, за останатите подобро и за нив беше кога се јавуваа на тие линии и имаа можност да си кажат кој проблем го имаат, рече д-р Анита Димовска, раководител на Службата за итна медицинска помош – Скопје.

Линијата “Ало докторе” беше отворена во септември 2014-та и функционираше до 2023-та, на проектот беа ангажирани 20-тина пензионирани лекари од повеќе спецвијалности. Во овој период на 151 23 регистрирани се стотици илјади јавувања од цела Македонија. Повеќето барале совет во ноќните часови најчесто поради кардиоваскуларни и респираторни симптоми, настинка, кашлица или покачена температура.