Loading Video...
Ракомет
4. April 2022 - 19:56

Граџан: Месец април да биде „златен“ за Битола

Ракометарите на Еурофарм Пелистер утревечер во 18.45ч го пречекуваат хрватскиот тим Нексе во реванш осминафиналната пресметка од Европската лига. 

За Битолчани месец април може да биде златен доколку успеаат да го елиминираат Нексе и со мирни глави да влезат во директната пресметка со Вардар во битката за шампионскиот трофеј.  Еден од најважните играчи на битолскиот тим Елвир Граџан е убеден дека со поддршка на публиката Пелистер ќе успее да направи голем успех во месец април.