Градските власти подготвени да се справат со можното излевање на Вардар

Град Скопје е подготвен да се справи со можните излевања на реката Вардар и нема место за паника. Екипите се на терен, се следи состојбата и се преземаат соодветни мерки. Штабот за заштита и спасување на Град Скопје ќе дежура и во следните 24 часа во соработка со Регионалниот центар за управување со кризи.
Ова денеска на прес-конференција го изјави Емил Дуровиќ, началник на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје.
Тој информираше дека по обилните врнежи што Скопје го зафатија во текот на изминатата ноќ, утрово се состанал Штабот за заштита и спасување на Град Скопје во кој членуваат претставници од градските власти, јавните градски претпријатија, Противпожарната бригада, МВР и од Регионалниот центар за управување со кризи.
- Денеска во утринските часови се покрена нивото на реката Вардар, а во делот на скејт-паркот реката се прелеа во главното корито. Нашите екипи веќе извршија увид на состојбата на теренот и утврдија три критични точки на потегот од скејт-паркот до мостот „Слобода“ кај „Холидеј ин“, потоа под зградата на ПИОМ во општина Аеродром и во Долно Лисиче, каде завршува регулацијата на реката Вардар, рече Дуровиќ.
Веќе се подготвуваат околу 10 илјади вреќи со песок, што најбрзо ќе почне да се поставуваат на критичните точки, бидејќи во текот на ноќта се очекуваат уште поинтензивни врнежи.
Тој информира дека работниците од јавните градски претпријатија со механизација веќе се на терен и го санираат насипот меѓу Горно и Долно Лисиче, кај железничкиот мост, што пред неколку години го кренаа екипите на „Улици и патишта“, а во меѓувреме беше уништен од несовесни граѓани во должина од 200 метри.
- Подготвени се и пумпи за исцрпување вода, четири големи пумпи со капацитет од 8.700 литри во минута, како и 40-ина помали пумпи кои ќе се стават во функција ако за тоа се јави потреба, истакна Дуровиќ.
Ново на Сител
-

Кривична за четири лица од Кочани за злоупотреба на службена положба во јавна набавка од 1,4 милиони денари
-

Град Скопје го уредува кејот на Вардар и најавува изградба на нова градска плажа
-

Тивок марш и парастос во Македонска Каменица „Кети Милковска и 63 ангели“
-

Нападната екипа на ТППЕ во Куманово, полицијата приведе две лица
-

Кривична за поранешен директор и три лица во јавно претпријатие во Кочани за злоупотреба на службената положба
-

Приведени 15 возачи поради возење без возачка, со активна забрана за управување од нив една малолетничка
-

ОН ја повикаа Русија да ги запре нападите врз енергетската инфраструктура на Украина
-

Tрамвај излета од шините во Сараево, една жена загина, неколкумина се повредени
