Градските автобуси со изменет возен ред за новогодишните и божикните празници

Aвтобусите од јавниот превоз во Скопје за новогодишните и божикните празници ќе сообраќаат по изменет возен ред. Денеска 1 јануари ќе сообраќаај по неделен возен ред, информираат од ЈСП Скопје, а утре 2-ри јануари по делничен возен ред.
Исто така од 3 јануари автобусите од јавниот превоз ќе возат по вообичаен, делничен возен ред, но, имајќи во предвид дека во меѓувреме ќе започне и зимскиот училиштен распуст, возниот ред ќе биде редуциран. На 7 јануари (понеделник) автобусите ќе возат по неделен возен ред, соопшти ЈСП Скопје.
Ноќните линии на 1 јануари (вторник кон среда), ќе работат по возен ред како во сабота према недела.
-Жичницата на Водно на 1 јануари ќе почне со работа од 11 часот. Поради техничкиот проблем на веб страницата на ЈСП Скопје, во делот за избор на датум на возниот ред, сакаме да напоменеме дека информации за возниот ред можат да се добијат и во Диспечерски центар на телефонот 3173-224, порачуваат од ЈСП Скопје.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Иванка Василевска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ
-

Преглед на вестите од светот
-

Ветото е моќна алатка - Бугарските европратеници остро против новиот пристап за проширување на ЕУ
-

Мицкоски охрабрен од новите предлози на Кос
-

Не помина предлогот за минималец од 600 евра - Од 105 присутни пратеници само 13 гласаа „да“
-

Инфлација од 2,7% во септември, измери статистиката
-

И догодина ќе точиме скапо гориво?
-

Судот му одреди мерки за претпазливост на вишиот обвинител од Битола
