Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ одбележува 70 години од постоењето

Со повеќе активности Градската библиотека „Браќа Миладиновци“-Скопје следната недела ќе го одбележи јубилејот-70 години од постоењето.
В понеделник во 11 часот во употреба ќе биде пуштена реновираната билбиотека „Стале Попов“. Во вторник во истиот термин ќе биде пуштена во употреба реновираната бибиотека „Карпош“, а вечерта со почеток во 19 часот ќе има „Вечер на читателите“. В среда на пладне ќе има средба со пензионерите.
Свеченото одбележување на јубилејот ќе биде в четврток, 12 ноември во библиотеката, каде е предвидено да се обрати в.д. директорката Гордана Петревска и градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски. Проф. д-р Виолета Мартиновска ќе ја промовира монографијата „70 години Градска библиотека Браќа Миладиновци-Скопје“. Ќе бидат доделени пофалници на истакнати работници и плакети на Град Скопје и на Министерството за култура.
На денешната прес-конференција в.д. директорката Петревска рече дека имаат одлична соработка со Град Скопје и додаде оти се задоволни од постигнатите резултати. Најави дека акцент ќе стави на набавката на нови книги.
Петревска информира дека заклучно со октомври годинава имаат 12.830 читатели, а издадени се 99.924 книги. Лани имале 18.721 читател, а издадени се 133.211 книги. Рекорден број на читатели, 22.204 имало во 2009 година, а рекорден број на позајмени книги, 255. 999 во 2010 година.
Бибилотеката „Браќа Миладиновци“ почнала со работа на 15 ноември 1945 година. Организациски во моментов располага со една матична куќа, три централни „Цветан Димов“, „Страшо Пинџур“ и „Другарче“ и 14 клона. Има и подвижна билиотека која ги опслужува училиштата пред се во руралните средини каде нема библиотеки.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за орбазование и наука
-

Протестите сè поизвесни – превозниците бараат решение за престојот во Шенген
-

Војната на Блискиот Исток и инфлацијата го намалија бројот на туристи во земјава
-

Утре ќе се знае дали гостиварци ќе добијат питка вода
-

Дете од година и пол нападнато и искасано од куче во Шуто Оризари
-

Загрижува тоа што насилството станува се побрутално
-

Августовски испитен рок за матура утре и во петок
-

Ахмети: Јас побарав Груби да се врати и да се соочи со одговорност
