Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ годинава со 50 програмски активности
Меѓународна поетско-ликовна колонија „Нацртај песна“, промоции на книги и наградени автори, трибини и тркалезни маси, како и други 50 промотивни и културни настани годинава се предвидени во програмските активности на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ - Скопје.
Активностите ќе се реализираат во матичната библиотека „Браќа Миладиновци“, како и во централните библиотеки „Другарче“, „Страшо Пинџур“ и „Цветан Димов“ во Скопје.
Според Братислав Ташковски од Градска библиотека „Браќа Миладиновци“, вкупно 50 културни настани, меѓу кои и две нови програмски содржини, е голема бројка за градот Скопје.
- Во рамките на тие програми ќе бидат традиционалните содржини на промоции на книги и наградени автори и ќе продолжиме со одржување трибини и тркалезни маси посветени на творештвото. За прв пат годинава со поддршка од Град Скопје ќе се одржи манифестацијата „Нацртај песна“ и содржини поврзани со Светскиот ден на раскажувањето и Меѓународниот ден на театарот, рече Ташковски.
Според Биљана Кочишка од Градска библиотека „Браќа Миладиновци“, годинава се воведени и проекти што малку отскокнуваат од основната дејност на библиотеката - книгата и внесуваат креативност и имагинација.
- Ќе излеземе надвор од библиотеката да оствариме директен контакт со корисниците и сите членови од заедницата. Да го привлечеме вниманието дека библиотеката не е само институција во која можете да добиете само книга, туку институција каде може да добиете секаков вид информација за едукација, образование, имагинација и дизајн, рече Кочишка.
Посочи дека со поддршка на Град Скопје ќе се спроведе и кампања за подигање на свеста за важноста на библиотеката во заедницата под мотото „Библиотека за библиотеките“ во која ќе бидат вклучени сите 40 библиотеки од целата држава.
Ново на Сител
-
Воведени се драстични промени во работата по скандалот на Онкологија, смируваат од клиниката
-
Мајмунски сипаници потврдени кај двајца 40-годишници од Скопје, не се познавале и не патувале надвор
-
Бислимовски: Одлуката на Уставниот суд може да доведе до поскапување на парното
-
Одбележани 76 години од основањето на УКИМ - наградени најдобрите студенти
-
Преглед на вестите од светот
-
Д Фестивал годинава со хуман карактер за настраданите во кочанската дискотека
-
Преглед на вестите од светот
-
Трипуновски: Се ажурира базата на податоци на педолошката карта за засејување земјоделски култури