Македонија
12. April 2017 - 11:36

Градот Скопје ќе ги проверува тврдењата за образованието на директорот на ЈП Водовод

Градот Скопје информира дека ќе ги провери во соодветни државни институции изнесените тврдења во врска со веродостојноста и образованието на директорот на ЈП Водовод и канализација Александар Атанасов.

Во соопштението наведуваат дека кога ќе имаат одредени сознанија и одговори ќе ја информираат јавноста.

Вчера на прес-конференција Синдикатот за комунални дејности на Република Македонија, кој е дел од СУТКОЗ побара од градоначалникот на Град Скопје Коце Трајновски  да го разреши од функцијата генералниот директор на ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, Александар Атанасов поради непочитување на Колективниот договор и законите за работни односи и за административните службеници, како и поради несоодветното образование за извршување на функцијата.

Според нив, Атанасов има несоодветна диплома за високо образование од Колеџ во Грција која и Министерството за образование и наука не му ја нострифицира.