Градот Скопје ќе ги проверува тврдењата за образованието на директорот на ЈП Водовод

Градот Скопје информира дека ќе ги провери во соодветни државни институции изнесените тврдења во врска со веродостојноста и образованието на директорот на ЈП Водовод и канализација Александар Атанасов.
Во соопштението наведуваат дека кога ќе имаат одредени сознанија и одговори ќе ја информираат јавноста.
Вчера на прес-конференција Синдикатот за комунални дејности на Република Македонија, кој е дел од СУТКОЗ побара од градоначалникот на Град Скопје Коце Трајновски да го разреши од функцијата генералниот директор на ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, Александар Атанасов поради непочитување на Колективниот договор и законите за работни односи и за административните службеници, како и поради несоодветното образование за извршување на функцијата.
Според нив, Атанасов има несоодветна диплома за високо образование од Колеџ во Грција која и Министерството за образование и наука не му ја нострифицира.
Ново на Сител
-

ОАЕ известуваат за нов ирански напад со ракети и дронови, Иран тврди дека е насочен кон алуминиумската индустрија во Заливот
-

Сиљановска-Давкова до католичките верници: Велигден да донесе мудрост и солидарност
-

Денеска е Цветници - Влегување на Исус Христос во Ерусалим
-

Трамп вели дека го спасиле вториот пилот на соборениот Ф-15 над Иран
-

Николоски, Ѓорѓиевски и Ивановски на увид во реализацијата на проектот „Градски воз“
-

Две трки денеска во Скопје – изменет сообраќај на повеќе локации
-

Римокатолиците го слават Велигден
-

Сончево и топло до 22 степена
