-->
-->
Градоначалникот Трајковски со хуманитарни активности во Делчево
-->
По повод новогодишните и божиќните празници, во Делчево се доделени 30 хуманитарни пакети на семејства кои живеат во социјален ризик. Пакетите ги додели градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски, кој истакна дека целта е овие семејства достоинствено да ги поминат празниците.
- Оваа активност се реализира во соработка со компанијата „Зегин“ која како општествено – одговорна компанија, традиционално по повод празниците, доделува хуманитарни пакети, истакна градоначалникот Трајковски.
Со оваа активност, како што додава градоначалникот, таргетирани се семејства согласно евиденцијата од Центарот за социјални работи од Делчево.
- Со ова сакаме да покажеме дека се грижиме за секој поединец во нашата Општина и имајќи ги предвид актуелните мерки од Владата на полето на социјалата, како локална одговорна власт сакаме да помогнеме овие семејства да излезат од социјалниот ризик во кој живеат и да овозможиме достоинствен живот за сите, додаде Трајковски.
Овие пакети се едно внимание и порака дека овие луѓе не се заборавени, додадоа од Општината и најавија дека ваквите хуманитарни активности ќе продолжат и во иднина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
20-годишник без возачка и под дејство на алкохол ја усмрти 22-годишната Фросина Кулаков на пешачки премин
-
Тема на денот со Даниела Николова, пратеничка од СДСМ
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
Колку реално чини потрошувачката кошничка - жестока расправа на пратенички прашања
-
Преглед на вестите од светот
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
24 пешаци загинале само минатата 2024 година
-
Судовите оценети со тројка