-->
-->
Градоначалникот Шилегов се сретна со градоначалникот на Тирана
-->

На средбата, како што информира Град Скопје, било разговарано за продлабочување на соработката меѓу двата збратимени града и за разменување искуства во интерес на граѓаните.
- Разговаравме за продлабочување на соработката меѓу двата града и размена на искуства во однос на сличните проблеми кои ги имаат Скопје и Тирана. Сите корисни искуства и реализирани одредени проекти на Тирана може да бидат добри и корисни за граѓаните на Скопје. Верувам дека и нашите искуства од овој краток период може да бидат корисни за граѓаните на Тирана, изјавил градоначалникот Шилегов.
Градоначалникот Велијај истакнал дека премиерите на Албанија и Македонија отвориле ново поглавје за соработка меѓу двете држави и додал оти таа позитивна клима треба да ја искористат и главните градови на двете држави.
Шилегов учествува на дводневна регионална конференција, што се одржува во Тирана на тема „Градови без корупција на иднината“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп бесен на Путин
-
Протести против Маск ширум светот
-
Лишено од слобода лицето кое пукаше со пиштол во скопски Чаир
-
Одземено возило на турчин поради создавање голема бучава на „Партизански одреди“
-
Јаневска: Априлските плати во образованието повисоки за 7 проценти
-
Жена со нож ја нападнала деканката на Филозофскиот факултет во Ниш
-
Пет лица во Гази Баба нападнале двајца браќа со остри, метални и дрвени предмети
-
Приведен 35-годишник, возел со 1,84 промили алкохол