-->
-->
Градоначалникот на Охрид позитивен, па негативен на тест за Ковид-19
-->
Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, добил позитивен наод на тест за Ковид-19 на испитувањето направено по завршувањето на богојавленските свечености во Охрид на кои лично присуствуваше.
На повтореното тестирање резултатите биле негативни.
И двете тестирања биле спроведени во истата установа – во Центарот за јавно здравје во Охрид.
Пецаков на својот фејсбук-профил појаснува дека не чувствува никакви симптоми, но оти ПЦР тестирањето го направил заради потреба од патување во странство.
Слично беше и со случајот на секретарот на Оштината, Александар Китески, кој исто така добил позитивен, па негативен резултат на тестирањето за Ковид-19 спроведено исто така заради потреба од патување надвор од земјата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сали: Цело време апелираме на вакцинација за да нема товар кон здравствениот систем
-
Сали: Нова апаратура стои по 7-8 години во магацин поради технички причини
-
Сали: Проектот за Клинички центар се дискутира 17 години, првичната идеја е од 2006 - 2007
-
Десната лента од автопатската делница Требениште-Охрид ќе биде готова во август, најави Бочварски
-
Шаќири се сретна со Македон и Или - деца генијалци
-
ФИФА ги одреди судиите за мундијалот во Катар, три дами на главната листа
-
Утре се игра финалето на фудбалскиот куп на Македонија
-
Татко го однел малолетниот син во Полициска станица откако ранил друг малолетник