Градоначалникот на Москва нареди задолжително вакцинирање против коронавирусот
Московскиот градоначалник, Сергеј Собјанин, денеска нареди воведување задолжителна вакцинација против коронавирусот за сите вработени во услужниот сектор, како дел од борбата против драматичната епидемиолошка ситуацијуа во рускиот главен град.
-Едноставно, треба да сториме се што е можно за да извршиме масовна вакцинација што е можно поскоро и да ја запрема оваа страшна болест и да ја запреме смртта на неколку илјади луѓе, рече Собјанин.
Градоначалникот на Москва цела оваа недела ја прогласи за неработна поради зголемениот број на заразени со коронавирусот. Во моментов во Москва се хоспитализирани 12.000 лица.
Најавата на Москва за задолжителна вакцинација против коронавирусот е прва во Русија и е во спротивност со изјавите на претседателот Владимир Путин, кој кажа дека се противи на присилната вакцинација, иако и тој ги повика Русите да се вакцинираат.
Собјанин рече дека во Москва, метропола со околу 13 милиони жители, вакцинирани се само 1,8 милиона лица.
Во последните 24 часа во Русија се регистрирани 13.397 новозаразени и 396 смртни случаи од коронавирус. Во Москва, во истиот период биле заразени 5.782 лица, а 75 лица умреле.
Ново на Сител
-

Лични прозивки и сериозни обвинувања на седницата за поставување опозициски прашања
-

Герасимовски: ДУП-от за Барутана нема да оди на гласање без целосно да се испита теренот
-

На Инфективна почина 66 годишна пациентка со западнонилска треска
-

Запленети и безбедно уништени два тони небезбедна храна на зелениот пазар во Ченто
-

Бизнис Арена 2026: Како вештачката интелигенција како глобален предизвик влијае врз домашните компании?
-

Опозициски пратенички прашања во Собранието
-

СДСМ: Власта ја пушти Михаилова да замине во Бугарија
-

ВМРО-ДПМНЕ: Дали СДСМ ја среди медицинската документација на Михаилова?

