Градоначалникот на Ерусалим ги повика граѓаните да носат оружје
Градоначалникот на Ерусалим, Нир Баркат апелираше денеска до граѓаните кои имаат дозвола да носат оружје тоа да го прават секојдневно.
Поради влошената безбедносна ситуација, која во последните денови се проширила од Ерусалим на Западниот брег и кон други делови на Израел, се повеќе се слушаат повици до граѓаните да носат пиштоли секојдневно, со цел да се одбранат во случај да бидат нападнати.
- Една од предностите на Израел е дека има голем број поранешни членови на воени единици со оперативни борбени искуства, истакна Баркат.
Тој додаде дека „поседувањето оружје ја зголемува самодовербата на граѓаните кои знаат дека покрај полицијата има многу луѓе кои не се плашат да интервенираат“.
Израелска телевизија објави фотографија на Баркат со оружје в рака при посета на еден кварт во источниот дел на Ерусалим. Градоначалникот истакнал дека со тоа сакал да покаже пример во овој тензичен период.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас во меѓувреме изјави дека Палестинците нема да бидат „вовлечени“ во поголемо насилство со Израел.
Ново на Сител
-
ССМ: Трошоците за живот растат, новогодишната кошница нема ефект
-
Преглед на вестите од светот
-
Трамп избран за 47-от претседател на САД
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Избегната трагедија во Чемерско - Сите станари од домот евакуирани
-
Дефект на магистрален вод го остави речиси пола Скопје без парно – Проблемот е решен
-
Прикажани снимките од движењата на возилата со кои е грабната Вања
-
Обинителството истражува дали трето лице помагало на Груби и Беџети во случајот за кој се најдоа на црната листа