-->
-->
Градоначалникот на Делчево на утринска молитва по повод Курбан Бајрам
-->
По повод муслиманскиот верски празник Курбан Бајрам, денеска градоначалникот на општина Делчево, Горан Трајковски присуствуваше на утринската молитва која се одржа во Џамијата Мехмед Фатих II.
Честитајки им го празникот на верниците Трајковски истакна дека со ваквите чинови ќе продолжат заложбите за прокламирање меѓуетнички соживот помеѓу различните врски заедници.
- Денес присуствував на молитвата која што ја имаат верниците од муслиманска вероисповест по повод нивниот празник Курбан Бајрам. Како градоначалник со моето присуство на нивната молитва сакаме да покажеме дека тоа што го прокламираме за меѓуетнички соживот, сакаме и да го градиме во реалноста, односно сите да го градиме општеството во кое живееме. Ја користам приликата на сите верници од муслиманска вероисповед да им го честитам празникот Курбан Бајрам, рече Трајковски.
Курбан Бајрам е еден од двата големи празника кои претставуваат ден на радоста и жртвувањето, истакна Сефадин Селимовски, оџа во џамијата во Делчево.
- Курбан Бајрам доаѓа како завршно дело и дело на радоста, но и ден на жртвувањето. Жртвувањето не е само симболика, човекот се жртвува и телесно и духовно. Телесно во смисла на тоа да човекот го користи своето тело да помогне на некого, да му се најде на некого кога има мака, а исто така и духовно да се бори со злото кое го носи во себе, рече Селимовски.
На покана на домаќините по завршувањето на молитвата, Трајковски беше пречекан со баклава, традиционално јадење кое се служи за Курбан Бајрам.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште