Градоначалниците против интеграцијата на бегалци во Македонија
Свети Николе ниту има капацитети, ниту има можност, ниту расположение да прими бегалци на својата територија за долгорочен престој како што предвидува Стратегијата за бегалци и странци на министерството за труд и социјална политика, тврди градоначалникот Тасев. Тој на собраниската јавна расправа вели дека секојдневно добива прашања од граѓаните дали нивното слободно обработливо земјиште ќе биде дадено на бегалците.
Претседателот на Сојузот на синдикатите пак, се пожали дека Стратегијата и нацрт планот за мигранти, бегалци и странци се носела нетранспарентно од страна на министерството за труд и социјална политика и дека не биле консултирани ниту работниците, но ниту организацијата на работодавачи што било европска пракса.
На јавната расправа, денеска присуствуваа и пратеници од СДСМ. Тие првпат одговорија на обвинувањата од опозицијата дека Македонија од транзитна држава станува земја домаќин на бегалци.
Шахпаска тврди дека ваков сличен документ бил донесен и од владата на ВМРО-ДПМНЕ, па дури и дека во 2011 имало проект за изградба на станбена зграда за бегалците во општина Сарај.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
