Градоначалниците на Ресен и Новаци со поддршка за градоначалникот Талевски
Градоначалниците на општините Ресен и Новаци, Ѓоко Стрезовски и Лазар Котевски денеска на прес-конференција оценија дека битолскиот градоначалник е чесен и искрен градоначалник и изразија уверување дека тој наскоро ќе биде ослободен.
- Нашето судство потклекна под притисоците на СДСМ и на Зоран Заев. Македонскиот народ ова не го одобрува. Владимир Талески е чесен и искрен градоначалник. Тој беше и претседател на Советот на пелагонискиот регион и успешно ги спроведуваше програмите за развој на регионот. Не го оправдуваме ова насилие на СДСМ и Зоран Заев, рече градоначалникот Котевски, додавајќи дека Талевски не заслужува третман каков што го има во моментот.
Според градоначалникот на Ресен, Специјалното јавно обвинителство-СЈО е инструмент во рацете на лидерот на СДСМ и на сите оние кои што не и мислат добро на Македонија.
- Тоа што деновиве се случува во Македонија посочува дека СЈО како инструмент на СДСМ, Зоран Заев и на чадорот, работи на тоа да го повлече целокупниот правосуден систем во Република Македонија. Убеден сум дека граѓаните на Македонија тоа нема да го дозволат. Тие докажаа дека сакаат дела, професионалност и стручност, а не фарбање на сето тоа што Владата на Никола Груевски го направи и сеуште прави, рече Стрезовски на прес-конференцијата во Битола.
Ново на Сител
-
Муцунски: Сакаме во ЕУ но имаме и црвени линии
-
Фетаи: Кривични за неуставниот попис
-
Расте бројот на странски инвестиции
-
Топлотниот удар го зема ,„Данокот“
-
Недостигаат хотели на брегот на езерото
-
Преглед на вестите од светот
-
75 години Друштво на филмски работници - почнуваат денови на македонскиот филм
-
Финансиската полиција со кривични пријави од над една милијарда денари изминатата година