Македонија
7. May 2020 - 14:38

Градинките започнаа со анкета за враќање на децата во објектите, епидемилозите предлагаат конкретни мерки за заштита

Колку деца имаат потреба веднаш да бидат згрижени во градинка, а колку штом ќе се укине мерката за отсуство од работа на еден родител на дете до 10 години. Вакви прашалници со барање  итно да одговорат им се доставени на родителите. Се отвора и прашањето дали градинките се подготвуваат да примаат и школски деца бидејќи во една од графите е наведена возраст од 6 до 10 години. И додека воспитно-образовните установи се подготвуваат да ги отворат вратите, епидемиолози сметаат дека за идно нивно функционирање потребно е да се задолжителни услови поради коронавирусот. Според професорката Исјановска на вработените треба да им се направат тестирања за Ковид-19, а децата да приложат потврда дека се здрави. 
-Вработените во градинките треба да направат задолжителен тест за коронавирус, изјави за Сител проф.д-р Розалинда Исјановска, професор по епидемиологија на медицинскиот факултет.
 
Според професорката Исијановска неопходно е и да се преполови бројот на децата во една група, а да се направи поголемо растојание помеѓу креветчињата.
-Ако досега во една група има 25 деца, сега треба да има 10 до 15 смета професорката Исјановска.
Од труд и социјала под чија надлежност се градинките велат дека додека не одлучат здравствените власти како да работат овие установи и колку ќе бидат безбедни децата градинките остануваат со клуч на врата.