Градинките и училиштата во општина Гостивар подготвени за грејната сезона
Сите основни и средни училишта и детските градинки во општина Гостивар, снабдени се со гориво и од денеска започнуваат со затоплување, информираат од локалната самоуправа.
Повеќето училишта имаат резерви од минатата година, а во оние каде резервите беа потрошени или немаа, минатиот петок им беа испорачани потребните количини огревно дрво и нафта.
– Во повеќето училишни објекти во општина Гостивар има централно греење кое користи нафта. Во неколкуте училишта во руралните средини за греење се користи огревно дрво. Повеќето училишта имаа резерви од минатата година, а каде што недостасуваше нафта или огревно дрво, снабдувањето заврши во петокот. Со ова можеме да кажеме дека сме подготвени за почетокот на грејната сезона, вели Аслиан Снопче раководител на Секторот за образование во општина Гостивар.
Во меѓувреме, завршена е инсталацијата на централно греење во подрачното училиште во село Здуње, а во план е поставување централно греење и во оние неколку училишта каде што недостасува.
Како проблем кој останува без решение во пресрет на сезоната на врнежи од дожд и снег е случајот со објектот на ОУ „Гоце Делчев“. Оштетениот покрив најверојатно нема да биде саниран до крајот на годината, наведуваат од општината и нагласуваат
администрацијата ги има завршено сите обврски и потребни процедури, а се чека на одобрување од на Министерството за образование и наука.
Ново на Сител
-
Макрон го повика Путин да се вразуми
-
Атлетик: Гвардиола ќе го продолжи договорот со Манчестер сити
-
Скопје прв најзагаден град во Европа
-
Надал: Сакам да бидам запаметен како добар човек од мал град на Мајорка
-
Во Кривичен продолжува судењето за убиството на Вања и Панче
-
Иранските власти ја ослободиле студентката која се соблече на универзитетот во знак на протест
-
Бајден одобри испорака на противпешадиски мини на Украина, целта е да се запре рускиот пробив
-
Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година