„Градиме иднина“ ќе му го предаде новиот дом на велешкото семејство Давчевски

Здружението „Градиме иднина“ денеска ќе му го предаде новиот дом на велешкото семејство Давчевски.
Станува збор за куќа на улицата „Наце Димов“ број 62 во Велес, на која „Градиме иднина“ целосно ги заврши градежните работи со поддршка на хумани граѓани и компании.
Како што информира Здружението, при подготовката на новиот дом се поставени кров, дрвена конструкција, керамиди, нова електрична инсталација, како и плочки во санитарниот чвор, кујната и ходникот. Извршено е машинско малтерисување и е монтирана целата санитарија. Куќата е и целосно опремена со мебел и други предмети од домаќинството.
Куќата на семејството Давчевски беше опожарена на 1 ноември 2014 година. Додека траеше изградбата на новиот дом, Давчевски беа сместени во селото Теово.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Отворен комплексот „Futura 2“ на ELENA LUKA HOME - Ново поглавје во современото домување
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

УХМР најавува ново невреме
-

Утре повисоки цени на горивата, Регулаторна ќе ја објави и новата цена на парното
-

63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
