Бизнис
25. јуни 2018 - 16:30

Градежниците побараа помош од владата за настап на странски пазари

Градежниците бараат Владата да ги поддржи компаниите за да настапат на странските пазари.

Таму го гледаат потенцијалот на долг рок. Причина за лошите бројки во минатиот период во градежниот сектор, а со тоа и на целокупниот БДП, се намалените активности како на домашниот, така и на странските пазари.

Податоците што ги изнесоа покажуваат дека во првиот квартал годинава вредноста на договорени работи во странство е намалена за дури 61%.

Забавувањето на инфраструктурните проекти во земјава и намалената инвестициска активност во приватниот сектор се уште една причина за погубните резултати на градежниот сектор.

Во првите четири месеци годинава вредноста на договорените работи е преполовена, споредено со истиот период лани.

За годинава предвидени се 400 милиони евра за инфрастуктурни проекти. Градежниците велат дека продолжување на градежните, како и новите најавени активности во нискоградбата, ја враќаат надежта градежништвото повторно да стане клучен креатор на БДП.