Градежни активности за изградба на автопатот Прилеп - Битола на Коридор 10д
Премиерот Димитар Ковачевски, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми денеска ќе се обратат на настан по повод градежни активности за изградба на автопатската делница Прилеп - Битола на Коридор 10-д, најави владината прес-служба.

Во мај годинава кај индустриската зона во Прилеп беше поставена табла со податоците за изградбата на автопатската делница (39,3 километри), по што почнаа геоистражувачките работи и останатите подготвителни активности. Рокот за изградба на автопатот е 57 месеци.
Со Договорот што го потпиша Владата со американско-турскиот-конзорциум „Бехтел и Енка“ е предвидена изградба на автопатските делници Прилеп - Битола на Коридорт10д, како и Тетово - Гостивар, Гостивар - Букојчани и Требеништа - Струга - Ќафасан на Коридорот 8.
Работите на Коридорот 8 почнаа пред два дена со минирање кај селото Горна Бањица за пробивање на трасата на автопатот Гостивар - Букојчани (30,1 километар).
-Ова е прва реална активност со која почнува изградбата на двата коридора, изјави првиот вицепремиер Артан Груби, кој е координатор на активностите за изградба на коридорите 8 и 10д.
Ново на Сител
-

Излегувањето на Груби од куќен притвор поздравено со огномет, бакљи и петарди, тој се оградува: „Не го организирав јас“
-

Клековски наредната недела ќе има средба со повредените од пожарот во „Пулс“ за нивното понатамошно лекување
-

Убиецот на Тупак осуден на 40 години затвор
-

Пилот шест часа летал за да го ‘нацрта’ познатиот ‘Крик’ – 250.000 луѓе го следеле подвигот на Flightradar24
-

Светот е далеку од исполнување на целта за запирање на уништувањето на шумите до 2030 година
-

Ѓорѓиевски: Продолжува акцијата за чистење на Скопје на повеќе од 50 локации
-

Трамп: На „нашиот“ Гренланд се подготвува обемно истражување на нафта, гас и минерали
-

Денеска се слави Покровот на Пресвета Богородица
