-->
-->
Градежни активности на повеќе локации во Крива Паланка
-->
Одделението за изградба и одржување на комунална инфраструктура на општина Крива Паланка спроведува градежни активности на повеќе локации во градот и приградските населби во рамки на програмите за уредување градежно земјиште и изградба и одржување локална патна мрежа.
–Во соработка со месното население извршена е замена на дотраената водоводна и канализациска мрежа на крак од улица „Пере Тошев“ во населба Бегови Бавчи. Во тек се подготвителниработи за поставување нов асфалтен коловоз на истата улица, со што кракот од улицата ќе добие нов современ изглед. Извршена е санација на земјен коловоз од патот кон село Голеш каде традиционално се одржува погранична средба „Краиште“, а направена е и санација на дел од локални земјани патишта во атарот на село Луке. Завршени се градежните активности за санација на потпорен ѕид на крак од улица „Партизанска“ , кон Домачки Дол, со што се изврши заштита на коловозот и обезбедено е проширување за разминување моторни возила во критичниот дел од улицата, информираат од општината.
Оттаму додаваат дека периодов извршена е санација на монтажен метален мост во населба Скрљава, на Скрљавски дол што го користат голем жители од овој реон кои гравитираат кон Цонев Рид.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Избран новиот централен одбор на СДСМ, Филипче најавува враќање на победничките патеки
-
Тема на денот со Татјана Стојановска, активист во иницијативата О2
-
30 конгрес на СДСМ - Отчет за поразот и избор на телата на партијата
-
Ахмети: Без Aлбанците, Македонија нема иднина
-
Владата и банките договорија 1,95% камата за унгарските пари
-
Автопатот Охрид - Кичево готов до 2026 година
-
Мицкоски: Од следната летна или есенска сезона очекувам да има нови електрични автобуси
-
Регионална депонија во Новаци во стар рударски коп на РЕК Битола