Македонија
18. October 2017 - 11:29

Градежен работник почина по пад од скеле

Градежен работник починал вчера во Ургентниот центар во Скопје откако претходно паднал од скеле при изведување на градежни работи на куќа.

Од МВР информираат дека несреќата се случила вчера околу 13:45 часот, а 59 годишниот Н.И. од скопско Кондово по падот веднаш бил пренесен во Ургентниот центар каде подоцна им подлегнал на повредите.

Полициски екипи на местото на несреќата извршиле увид.