Градежен и економски бум во Општина Илинден
Градежен и економски бум во општина Илинден. Парцелите за изградба на фабрики во зоната Марино-Кадино речиси распродадени. Економската зона ја посети претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Разговарше и со жителите кои изразија благодарност за поволните услови за живот, инвестициите и подобрената инфраструктура.
Груевски се сретна и со сопственикот на Гранд фуд корпорејшн, домашна инвестиција., која вработува 60 лица. Добрите услови за бизнис кои ги понудила државата биле одлучувачки за инвестирање
- Благодарение на сите поволности и субвенции кои ги нуди Владата и општината се реализира нашата желба. Го купивме земјиштето многу поволно, го изградивме објектот многу поволно, поволност се и ниските даноци, а имавме и одлична комуникација со сите надлежни институции и министерства, рече претставничката на компанијата.
Инвестициите помогнале невработеноста во општината да се намали на само 10 отсто.
Груевски ја посети и типската населба Јака, каде што се останати уште само 10 парцели . Одобрение за градба имат 285 инвеститори а 224 ги искористиле бесплатните проекти што ги нуди општината за изградба на семејни куќи.
-

Александра Десподовска
Сите содржини од овој новинар
