Македонија
6. February 2022 - 11:34

Град Скопје: Се санираат крупните оштетувања на коловозите на неколку булевари низ градот

Теренските служби на Град Скопје и ЈП Улици и патишта во текот на викендот вршат санација на крупните оштетувања на коловозите на неколку локации, односно Јужен булевар, булевар Осми септември и булевар Борис Трајковски (нас. Пинтија кон нас. Драчево), информираат од Град Скопје.

– Санирање на улиците и булеварите во Град Скопје е еден од приоритетите на ЈП Улици и Патишта, кои во континуитет ги следат потребите за итна санација на одредени булевари низ градот, но и отпочнуваат со нови решенија за подобрување на патната инфраструктура во градот Скопје, се вели во соопштението од Град Скопје.