Град Скопје ќе формира Комисија за унапредување на правата на пациентите
Советот на Град Скопје на денешната 15 седница донесе одлука за формирање на Комисија за унапредување на правата на пациентите која се состои од единаесет члена. Исто така донесена е и одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Карпош за реконструкција на спортско игралиште во Средно училиште ,,Лазар Tанев’’.
Во образложението за формирањето на Комисијата за унапредување на правата на пациентите се наведува дека членовите ќе се состојат од двајца претставници на пациентите – членови на здруженијата на пациенти, двајца претставници од здруженија што се занимаваат со човечките права и граѓанските иницијативи, еден претставник од здружение која се занимава со правата на жените, еден претставник од здруженијата за заштита на правата на лицата со попреченост, двајца лекари од општината и тројца членови делегирани од Советот на Град Скопје.
Мандатот на членовите на Комисијата ќе биде две години, со право на уште еден последователен избор.
На денешната седница донесена е и одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Карпош за реконструкција на спортско игралиште со инсталација на тартан подлога во Средно училиште на Град Скопје ,,Лазар Tанев“.
Проценетата вредност за оваа реконструкцијата изнесува 1.951.672,80 со вклучен ДДВ, а средствата ќе бидат обезбедени од Буџетот на Град Скопје за 2022 година.
Ново на Сител
-
Почнува судењето на францускиот хирург обвинет за силување на стотици деца под анестезија
-
Четврти ден се трага по Миле Тодоров од Неготино
-
Намален бројот на работници во индустријата
-
Историски максимум на цената на кафето арабика на берзите
-
МОН: Јаневска на самит во Будимпешта, ќе се продлабочува соработката помеѓу Западен Балкан и Унгарија
-
Георгиев: Годинава нема заедничко чествување на Гоце Делчев
-
Околу 600 вработени во централата на УСАИД во Вашингтон добија забрана за влез во Агенцијата откако Маск најави нејзино затворање
-
Во средните училишта се спроведува проект за популаризација на воената професија