Македонија
25. July 2022 - 16:01

Град Скопје ќе формира Комисија за унапредување на правата на пациентите

 

Советот на Град Скопје на денешната 15 седница донесе одлука за формирање на Комисија за унапредување на правата на пациентите која се состои од единаесет члена. Исто така донесена е и одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Карпош за реконструкција на спортско игралиште во Средно училиште ,,Лазар Tанев’’.

Во образложението за формирањето на Комисијата за унапредување на правата на пациентите се наведува дека членовите ќе се состојат од двајца претставници на пациентите – членови на здруженијата на пациенти, двајца претставници од здруженија што се занимаваат со човечките права и граѓанските иницијативи, еден претставник од здружение која се занимава со правата на жените, еден претставник од здруженијата за заштита на правата на лицата со попреченост, двајца лекари од општината и тројца членови делегирани од Советот на Град Скопје. 

Мандатот на членовите на Комисијата ќе биде две години, со право на уште еден последователен избор. 

На денешната седница донесена е и одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Карпош за реконструкција на спортско игралиште со инсталација на тартан подлога во Средно училиште на Град Скопје ,,Лазар Tанев“.

Проценетата вредност за оваа реконструкцијата  изнесува 1.951.672,80 со вклучен ДДВ, а средствата ќе бидат обезбедени од Буџетот на Град Скопје за 2022 година.