Град Скопје ја намали фирмарината

Советот на Град Скопје донесе Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за висината на комуналните такси во Град Скопје почнувајќи од 1 јануари 2020 година. Целта, како што соопшти Град Скопје, е да им се помогне на компаниите да ги пребродат нарушувањата предизвикани од коронавирусот.
-Со измените и дополнувањата се врши измена во Тарифниот број 1 на Одлуката, односно, се врши намалување на комуналната такса за фирма, како дополнително олеснување на финансиската состојба на таксените обврзници коишто вршат дејност на територијата на 10-те скопски општини, се вели во соопштението.
Градските власти ги известуваат сите таксени обврзници кои се уште не извршиле уплата на обврските по основ на комунална такса за тековната 2020 година по подолу наведените основи, дека треба да ги уплатат согласно со добиените решенија, но со намален износ.
За деловните простории на физичките лица коишто вршат дејност износот е 1.300 денари, а за деловните простории на физичките лица коишто вршат дејност, а данокот го плаќаат во паушален износ треба да се плати 350 денари. За деловните простории на трговските друштва и другите правни лица од областа на производството, прометот и услугите износот е 4.000 денари.
За продавници, киосци, деловни единици и слично на трговските друштва и другите правни лица од областа на производството, прометот и услугите износот е 2.000 денари. За деловни простории на правни лица од комуналните дејности и за деловни простории на трговските друштва и другите правни лица, како и на откупните пунктови што дејствуваат повремено исто така е предвиден износ од 2.000 денари.
– Во однос на тие обврзницкои веќе извршиле уплата со целосниот износ наведен во решението, Ви укажуваме дека уплатениот износ кој ја надминува новоформираната цена за фирмарина ќе се префрли за наредната година или по завршувањето на вонредната состојба, на барање на таксениот обврзник ќе се изврши враќање на дополнителните средства, стои во соопштението.
Град Скопје напоменува дека во времетраење на вонредната состојба, нема да се постапува по опомените кои се доставени до обврзниците на данок на имот и до обврзниците на комунална такса и нема да се врши присилна наплата на заостанатите неплатени долгови.
Ново на Сител
-

Во тек се подготовки за самитот на Путин, Трамп и Шји, можна средба во Мајами
-

Рама најави казни до 5.500 евра за демонстрантите што нема да се повлечат по полициско предупредување
-

Камелија Недев освои сребро на Светското првенство во традиционално карате
-

Приведени девет возачи, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол
-

16-гoдишник од невнимание зaстрелал малолетник вo Боговиње, сам сe пријавил во полиција
-

Расте цената на нафтата на светските пазари, неизвесно дали ќе поскапат горивата во земјава
-

Тетовчанец под дејство на алкохол приведен откако со возило удрил три малолетници
-

Двајца возачи под дејство на алкохол предизвикале сообраќајни несреќи со смртни последици и тешки телесни повреди
