Град Скопје го отстранува Сонцето од Вергина, согласно Преспанскиот дoговор
Скопскиот градоначалник Петре Шилегoв денеска соопшти дека Град Скопје не е орган кој врши надзор врз работата на останатите општини и нема увид во отстранување на Сонцето од Вергина.
– Град Скопје не е орган кој врши надзор врз работата на останатите единици на локална самоуправа. Не можеме да изразиме задоволство или незадоволство затоа што немаме увид во таа состојба. Она што ние го имаме како наша ингеренција, постапуваме и ќе постапиме согласно Меѓународниот договор што Република Северна Македонија го постигна со Република Грција, изјави Шилегов.
Прашан за тоа како општините ја спроведуваат наредбата на Владата за отстранување на Сонцето од Вергина, дали се придружуваат на рокот, дали ги острануваат тие симболи и што се случува со патеките од бекатон плочки каде што е исцртано токму сонцето, Шилегов додаде дека онаму каде што тие имаат обврска тоа го прават.
Кон средината на овој месец почна отстранувањето на Сонцето од Вергина од јавните објекти и површини, а се поставуваа и ознаки на споменикот на Александар Македонски на централниот плоштад во Скопје и Олимпијада во центарот на Скопје. На ознаките се истакнуваше дека се од античкиот елинистички период. Ноќта меѓу 15 и 16 август годинава, новата ознака што беше поставена на споменикот на Филип Втори на скопскиот плоштад „Карпошово востание“ беше извадена и украдена, а на споменикот на Олимпија оштетена. Оштетена беше, но и натаму стоеше залепена, ознаката на споменикот на Александар Македонски на централниот плоштад во Скопје.
На ознаките, согласно Преспанскиот договор, на македонски, албански и на англиски јазик пишува дека овие споеници припаѓаат на античката хеленска историја и на светското културно наследство.
По овие случувања, Град Скопје како надлежен за поставувањето и одржувањето на новопоставените ознаки на споменици во централното градско подрачје, најави засилен надзор и инспекции за да се спречи нивно оштетување.
Ново на Сител
-

Вучиќ: Ги изгубивме изборите
-

Затворени гласачките места во Србија, излезноста до 19 часот над 67 отсто
-

Масовна излезност на изборите во Србија - до 17 часот над 60 проценти
-

Во тек се подготовки за самитот на Путин, Трамп и Шји, можна средба во Мајами
-

Рама најави казни до 5.500 евра за демонстрантите што нема да се повлечат по полициско предупредување
-

Камелија Недев освои сребро на Светското првенство во традиционално карате
-

Приведени девет возачи, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол
-

16-гoдишник од невнимание зaстрелал малолетник вo Боговиње, сам сe пријавил во полиција

