Град Скопје доделува садници на месни заедници и куќни совети
Град Скопје ја продолжува традиционалната есенка акција за доделување садници на заинтересирани куќни совети и урбани месни заедници, на коишто ќе им додели 2.000 дрвца (листопадни и зимзелени) од ЈП „Паркови и зеленило“.
Садниците коишто ќе ги додели Град Скопје ќе бидат стручно засадени од вработени лица во ЈП „Паркови и зеленило“.
Заинтересираните куќни совети и месни урбани заедници треба да поднесат барање за доделување садници до Секторот за комунални работи на Град Скопје, булевар Илинден бр. 82. Субјектите во барањето треба да го наведат бројот на садниците што бараат да им се доделат и точната локација на којашто планираат да ги засадат дрвцата. На барањето треба да стои печат од куќниот совет или од месната урбана заедница.
На куќните совети и на месните урбани заедници на коишто ќе им бидат одобрени барањата, во оваа акција ќе им се доделат најмногу десет садници.
Барањата за добивање садници до Секторот за комунални работи на Град Скопје може да се доставуваат од 3 до 13 ноември 2015 година, а од 16 до 25 ноември субјектите ќе може да ги подигнат решенијата за доделените садници.
Акцијата на Град Скопје за доделување садници се организира веќе осум година во две етапи, односно напролет и наесен.
Ново на Сител
-
Во Скопје се одржа шестата Парада на гордоста
-
Сиљановска-Давкова прими Американци кои се на аџилак во земјава
-
На Табановце од македонска страна се чека околу 30 минути
-
Бугарија има јасен план за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година, соопшти бугарската Влада
-
ОЈО: Скопјанец осомничен за семејно насилство, предложен притвор
-
При претрес на началник во полициската станица пронајден солзавец и муниција
-
Две лица на возраст од 52 и 77 години пронајдени починати во своите станови во Скопје
-
Голем пожар во Хрватска меѓу Омиш и Макарска