Тенис
1. July 2016 - 18:46

Грабул преку првиот носител во полуфиналето на фјучрсот во Скопје

Македонскиот тенисер Димитар Грабул продолжи да ги „ниже“ носителите на фјучрсот во Скопје. По вчерашната победа на осмиот носител Грабул денеска му го зема „скалпот“ и на првиот носител Кристофер О‘Конел од Австралија со 2-0 во сетови. Двата сета беа решени во тај брек.

Првиот сет мина без брејк и во тај брекот беше 7:2 на поени. Во вториот сет противникот во два наврати имаше водство од 2:0 и 4:2, но Грабул успеваше да изедначи и со тоа да се избори за тај брек. О‘Конел водеше и во тај брекот, а откако Грабул усепеа да спаси сет топка, ја искористи првата меч топка и го доби сетот со 8:6 на поени.
Утре во полуфиналето ќе игра против Кристијан Месарош од Хрватска, кој претходно со 6-0 и 6-0 го победи вториот наш четвртфиналист Томислав Јотовски. Резултатски мечот беше убедлив, но на теренот во најголемиот дел се водеше голема борба, а и самиот Месарош по мечот изјави дека едноставно немаше грешка и ниту едно промашување. Пет од 12-те гема Месарош ги доби по изедначување.
За Јотовски останува денеска уште еден меч во полуфиналето ќе игра конкуренција на двојки.