Тенис
1. October 2015 - 14:52

Грабул ја одбрани титулата државен првак

Димитар Грабул ја одбрани титулата државен првак откако денеска во финалето на Централниот терен на ТК Југ го победи Томислав Јотовски со 2-1 во сетови. Ова за Грабул е вкупно петта титула (2003, 2006, 2007, 2014 и 2015).

Првиот сет во финалето му припадна на Јотовски со 6:3 во гемови, а потоа Грабул успеа да изедначи добивајќи го сетот со 6:2.
Во решавачкиот сет до 2:2 немаше брејк, потоа Јотовски успеа да го одземе сервисот на противникот и поведе со 4:2 и сервираше за меч при резултат 5:4. Но, Грабул во 10.гем успеа да го врати брејкот и направи „ри-брејк“ за 5:5 во решавачкиот. Во тај брекот повторно Јотовски прв направи предност од брејк, но на крајот „13.та игра“ ја доби Грабул со 7:5 на поени и со тоа ја одбрани титулата.
Во женското финале кое е во тек играат Катарина Маринковиќ и Марија Еленова.