Македонија
4. February 2018 - 13:49

Грабеж во продавница во село Визбегово

Непознати маскирани лица синоќа извршиле грабеж во продавница во село Визбегово.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека синоќа околу 19,30 часот било пријавено дека во село Визбегово, Скопско, во маркет, четири непознати маскирани лица од кои едното имало безбол палка, а друго нож, влегле во продавницата и со закана од вработената одзеле околу 30.000 денари и неколку кутии цигари по што го напуштиле местото на настанот.

Се работи на целосно расчистување на случајот.